Според денешните најнови информации дури 50 отсто од тестираните примероци на ковид 19 биле од британскиот сој, изјави министерот за здравство Венко Филипче во Топ Тема.
-Се поголем е процентот, на тестираните примероци од јануари па наваму, најновите бројки покажуваат дека 50 проценти од позитивните тестови припаѓаат на британскиот сој. Затоа сме внимателни со опуштањето, бидејќи на пациентите со овој тип на коронавирус почесто им е потребна хоспитализација, односно полесно се пренесува. Вкупно досега во Македонија се детектирани 30 мутации на корона вирусот, рече Филипче.