СДСМ: Мицкоски, ненормална работа е да глумиш патриот а со лажни вести да правиш поделба меѓу Македонците

153 прегледи
Во рамки на своето соопштение, владејачката СДСМ го обвини лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за поделба на народот, преку лажни вести. Имено, тие посочуваат и дека Мицкоски глуми лажен патриот, и обвинија дека досега не побарал одговорност и оставка од својот сопартиец и актуелен пратеник во Собранието, Антонијо Милошоски.
„Ескалира стравот од правдата и одговорноста кај лажниот патриот и докажан губитник Христијан Мицкоски и затоа веќе не бира ниту зборови ниту средства во неоснованите напади кон министерот за правда Бојан Маричиќ.
Подла и тешка лага се тврдењата на губитникот Мицкоски дека името Македонија било забрането од кого било, кога јавно достапни документи покажуваат дека во изминатиот период фирми и здруженија кои се формираат во својот назив го содржат терминот Македонија.
Неоснованите напади, навредите, нискиот речник на Мицкоски само покажуваат колкав е стравот кај него од реформите во судството, од налетот на правдата и одговорноста за секој кој го прекршил законот.
Ненормална работа е, што би рекол Мицкоски, да глумиш лажен патриот и очајно да се обидуваш преку лажни вести, дезинформации и навреди да создаваш поделби и омраза меѓу Македонците, нешто што Мицкоски го прави и денеска но и години наназад.
Мицкоски, ти можеш да се обединиш единствено со криминалот на чиј браник си единствено ти и тоа по твое сопствено признание.
Мицкоски, ако сакаш да зборуваш за одговорност, прво побарај одговорност и оставка од твојот соработник и пратеник Антонијо Милошоски за кој целата јавност виде дека бил осудуван и казнет во Германија за сторени кривични дела.
А се до тогаш Мицкоски, не се чуди зошто шест пати губиш од граѓаните, зошто си опозиција и зошто уште многу ќе останеш таму“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини