Нова студија во Велика Британија „ЧОВЕЧКИ ПРЕДИЗВИК“: Научниците намерно ќе изложат волонтери со Ковид-19, со цел подобро разбирање и лекување!

од Nikola Popovski
239 прегледи

„Човечки предизвик“ е името на контролираното испитување на инфекцијата кај луѓето и вклучува клиничко испитување на вакцини или други лекови кај кои субјектите волонтери се намерно изложени на ризик да се разболат.

Наскоро ќе се спроведе студија во Велика Британија, која ќе ја тестира вакцина против коронавирусот, за која е обезбедено етичко одобрување, и треба да започне во наредните недели, а во неа ќе учествуваат 90 лица на возраст од 18 до 30 години, пренесува Хина.

Волонтерите ќе бидат изложени на вирусот во безбедна и контролирана средина, додека медицинските лица ќе ја следат нивната состојба и здравје. Овој тест ќе им помогне на научниците да утврдат која минималната количина на коронавирус е потребна за да се предизвика инфекција и како реагира човечкиот имунолошки систем на тоа. Резултатите ќе им овозможат на лекарите подобро да го разберат Ковид-19, а резултатите ќе придонесат за понатамошен развој на вакцини и методи на лекување, наведува агенцијата.

Досега, повеќе од 15 милиони луѓе се вакцинирани против коронавирус во Велика Британија.

Студијата „Човечки предизвик“, патем, одиграа клучна улога во развојот на третманот на бројни болести како што се маларија, тифус, колера, грип…

Слични содржини