198
„Законското решение се подготвува, а граѓаните навремено ќе бидат информирани и ќе имаат доволно време. Тоа ќе биде во период од 5 месеци, поединечно ќе бидат повикани со распоред кога можат да отидат во јавните комунални препријатија“, изјави на прес-конференција, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи на прашањето како ќе се одвива отпишувањето на каматите на долговите на граѓаните, согласно петтиот пакет економски мерки.
Според вицепремиерот, условите се граѓаните да имаат долгови постари од 3 месеци и да имаат желба за да ги подмират обврските во еден момент кон иституциите, на кои што должат.
„Ова ќе биде согласно со долговите до ноември 2020 година“, вели Битиќи.