Нов начин за заштита од коронавирус – назална верзија на Спутник V

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Руски експерти ја развија назалната верзија на „Спутник V“ како дополнителна форма на заштита од коронавирусот, а градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека сите три фази на клинички испитувања на овој препарат ќе бидат спроведени во Москва.

„Истражуваме и нови начини за заштита од коронавирусот. Експертите развија назална верзија на Спутник V при чија примена се формира имунитет во зоната на носната празнина. Овој препарат нема да ја замени вакцинацијата, но може да биде добра дополнителна форма на заштита. Планираме да ги спроведеме сите три фази на клинички испитувања во Москва“, изјави градоначалникот.

Градоначалникот претходно најави дека ќе започнат меѓународните клинички испитувања на вакцината „Спутник лајт“.

Слични содржини