Платформа за родова еднаквост: Две години мајка не може да ја тргне сликата од својата малолетна ќерка од Интернет просторот

од Nikola Popovski
290 прегледи

„Во текот на три дена кога излезе Јавна соба, после цела година, колешки од други организации добиваа смс-пораки или мејлови каде што првата линија на одбивање ја добиле од полициската станица“, изјави Ана Аврамоска Нушкова од „Платформата за родова еднаквост“ за емисијата „Студио 10“.

Според неа, тука е моментот кога треба да се направи првата проценка и како треба да ѝ се пружи заштита на таа жртва која ќе пријави.

„Тоа не е приватен проблем, тоа е општествен проблем и мора да се разгледа сите каде потфрлуваме“, вели Нушкова и додаде за пример каде што мајка веќе две години не може да ја тргне сликата од нејзината ќерка (тогаш малолетна) од Интернет просторот.

„Пријавувано било насекаде, но без ефект“, тврди Нушкова.

Слични содржини