Трамп за првпат јавно зборуваше за кандидатурата во 2024 година, а на Бајден му порача дека „психички паднал“

од Stefanija Kuzmanovska
220 прегледи

На едeн од неговите први јавни настапи по напуштањето на функцијата, поранешниот американски претседател Доналд Трамп го искористи интервјуто на „Њузмакс“ во спомен на конзервативниот радио водител Раш Лимба чија смрт беше објавена претходно, за да се изјасни за прашањата од неуспешниот обид на Сенатот да го осуди до исфрлањето од Твитер.

Доналд Трамп беше остар во однос на сите прашања поврзани со неговата политичка иднина.

Говорејќи повторно јавно откако Сенатот не го осуди за време на неговото второ судење за импичмент, тој сепак му рече на водителот Грег Кели дека анкетите го поддржуваат во последно време, истакнувајќи дека е рано да се објави дали ќе се кандидира повторно во 2024 година.

„До 2024 година прерано е да се каже, но гледам многу одлични анкети, тоа е сигурно“, рече Трамп.

Интервјуто имаше за цел да му оддаде почит на починатиот конзервативен радио водител Раш Лимба, но поранешниот претседател го искористи тоа како можност да разговара за неколку прашања, вклучувајќи ги и неговите непосредни политички планови.

Трамп тврдеше дека сака да биде „донекаде тивок“ по напуштањето на Белата куќа, но тој инсистираше на тоа дека неговите бројки во анкетите се уште се силни по судењата во Сенатот.

Според новата анкета на „Галуп“, меѓу републиканците и независните републиканци, само 10 отсто ја поддржаа осудата на Трамп за забрана за негово повторно извршување јавни функции, додека 88 отсто се против осудата на поранешниот претседател.

„Па, имаме огромна поддршка, сè уште нема да кажам, но имаме огромна поддршка. Гледам броеви на анкети кои вртоглаво растат. Можев да добијам импичмент и моите бројки растат. Бројките се многу добри и многу високи, поголеми отколку пред изборите“, рече поранешниот претседател на САД.

Додека Доналд Трамп го напушташе Вашингтон, утрото на инаугурацијата на претседателот Џо Бајден за 46-ти претседател на САД на 20 јануари, тој им се заколна на своите приврзаници дека „ќе се врати во некоја форма“.

Шпекулациите беа широки за политичките амбиции на Трамп, но силната републиканска поддршка покажува дека тој останува најдобриот избор за гласачите на ГОП за кандидат за 2024 година.

За време на интервјуто, поранешниот претседател исто така ја искористи можноста да ги повтори своите тврдења дека минатогодишните избори биле „украдени“ и го критикуваше неговиот ривал во кандидатурата за Белата куќа во 2020 година – Џо Бајден, за неговите неодамнешни изјави во врска со вакцината против КОВИД-19 .

Тоа очигледно се однесуваше на тврдењата на Бајден дека тие немале вакцини кога демократот стапи на функција. Трамп инсистираше на тоа дека Бајден „или не ја кажа вистината, или психички паднал“, додавајќи дека неговата администрација всушност обезбедила вакцини и дека Бајден бил вакциниран „многу пред“ Денот на инаугурацијата.

Поранешниот претседател ја изрази и својата фрустрација во врска со неговото исфрлање од социјалната мрежа Твитер по немирите во Капитол на 6 јануари.

„Твитер не е ист, колку што разбрав стана многу здодевен и милиони луѓе го напуштаат, не е исто и го разбирам тоа. Преговараме со други луѓе, а постои и опција да креираме сопствена страница“, рече Трамп.

Слични содржини