Денес заедно со министерката за образование и наука, г-ѓа. Мила Царовска и поранешниот министер и пратеник Арбер Адеми разговаравме за реформите во образованието и за отстранување на недоследностите во учебниците, објави првиот вицепремиер Артан Груби.
Тој соопшти дека се согласиле дека во согласност со Законот за учебници за основно и средно образование, неправилностите и неправдите во сите учебници треба да бидат прегледани и исправени, почнувајќи уште веднаш од учебникот по географија за втора година на средно училиште.
„Во текот на наредниот период, сите учебници ќе бидат прегледани со цел да се стави крај на овие појави, соодветно на недоследностите во овие учебници“, стои во објавата на првиот вицепремиер.
На крајот на состанокот Груби, Царовска и Адеми решија заеднички да ги поддржат реформите во образованието оценувајќи го ова како една од најпотребните реформи за Република Северна Македонија, известуваат од кабинетот на вицепремиерот Груби.