СДСМ: Мицкоски нема став, изјавите ги влече како тесто, еве го сега почна да се грижи за Преспанскиот договор?

105 прегледи

Во рамки на денешното соопштение, владејачката СДСМ посочи дека на Мицкоски му е грижа како се спроведува Договорот од Преста и велат дека тој воопшто не се грижел за уставните измени, ниту пак упатил честитка за полноправното членство во НАТО Алијансата.

„Денеска Мицкоски изрази загриженост за Договорот од Преспа и како тој се спроведувал.

Замислете, истиот оној Мицкоски кој Договорот од Преспа го квалификуваше како предавнички, како закана за идентитетот, како понижување и што ли уште не.

Тоа е истиот Мицкоски кој беше против Договорот од Преспа, против референдумот за европската иднина на државата, кој правеше се за да не се донесат уставните измени, кој воопшто не се израдува ниту честиташе на полноправното членство во НАТО.

Изјавите на Мицкоски се како тесто, си ги развлекува кога како му одговара, де на една страна, де на друга страна.

Дефинитивно е потврдено дека Мицкоски нема став за ниту едно прашање. Тоа граѓаните многу добро го знаат“, се вели во соопштението од СДСМ.

Слични содржини