Погледнете го моментот кога земјотресот се почувствува во хрватскиот парламент (ВИДЕО)

од Берта Китинска
405 прегледи

Според хрватските медиуми, епицентарот бил на 18 километри северозападно од Сисак и 48 километри од Загреб, на длабочина од два километри.

Претставниците на хрватскиот парламент, исто така го почувствуваа потресот за време на сесијата.

Министерот за одбрана Марио Баношиќ го прочита заклучокот за време на земјотресот, како ништо да не се случува, пренесува „24сата“.

Колешката зад него стана и си замина. Кога заврши со читање, Баношиќ погледна кон премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

– Еве, почувствувавме и земјотрес. За кого е – рече Пленковиќ, прашувајќи ги претставниците на Парламентот кој е за предлогот.

Слични содржини