„453 здравствени работници кои работат во ковид центрите се вакцинирале во изминатите два дена“, информира денес Министерството за здравство.
Според нив, имунизацијата на медицинските работници се одвива непречено и со полн капацитет во модуларната болница на КИБФС во Скопје, каде се поставени 6 вакцинални позиции, се работи во две смени од 8 часот наутро до 20 часот, од понеделник до сабота.
„Во тек е првата фаза од имунизација во нашата земја, а во меѓувреме тече пријавувањето на веб страницата vakcinacija.mk, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70 годишна возраст за кои вакцинацијата започнува веднаш после здравствените работници опфатени во правта фаза. Досега на веб страницата 58.500 граѓани изразиле желба за вакцинација, а преку матичен лекар 32.917 граѓани над 70 годишна возраст“, стои во соопштението од Министерството.