Пратеничката Зајкова му подари дрес на европратеникот Ќучук: Тоа е симбол за развој на добрососедските односи

од Nikola Popovski
281 прегледи

Пратеничката од ЛДП Моника Зајкова му подари дрес од македонската репрезентација на Илхан Ќучук, европратеникот и известувачот за Република Северна Македонија во Европски парламент.

– Важно е да не дозволиме евроскептицизам и омразата помеѓу народите, мора да разговараме на заеднички јазик, и да создадеме врски кои се базираат на разбирање и меѓусебен интерес. На тој начин ќе обезбедуваме да течат трговски односи, инфраструктура и образовни политики кои се клучни за добро функционирање на двете држави, истакна Зајкова.

Според неа многу македонски студенти студираат на Универзитети во Бугарија што ја зајакнува интеркултурната комуникација потребна за добри билатерални односи.

– Споровите се решаваат со компромиси и соработка каде двете држави добиваат, и не треба да се пречка за евроинтеграции и стабилноста на двете држави во Европа. Важно е да се подржуваме како соседи на сите полиња, и во политиката и во спортот,  додаваа таа.

За пратеникот Боби Мојсоски од ЛДП кој исто така присуствуваше на средбата, евроинтеграциите се важни за да создадеме стабилност помеѓу народите, особено важни за да ја зајакнат нашата држава, а билатералните спорови не треба да се пречка за европска интеграција на нашата држава.

Дресот според Зајкова е симбол за бодрење и поддршка од соседот на претстојното Европско првенство на кое е пласирана нашата фудбалска репрезентација како соседи, но и за развој на добрососедски односи.

Слични содржини