Станува збор за еден голем систем, а не за индивидуален орган и од таа причина одговорот на прашањето како да го зајакнеме имунитетот, не е едноставен. Засега нема истражување кое директно ги поврзува начинот на живот и силата на имунитетот, но тоа не значи дека врската не постои. Научниците се обидуваат да го откријат влијанието на исхраната, вежбањето, стресот и слични фактори врз имунитетот, а во меѓувреме, постојат упатства што тие ги нудат за поттикнување на имунитетот.
Како што старееме, способноста на имунолошкиот систем се намалува, што придонесува за развој на некои сериозни болести, како што се тешки инфекции и рак. Додека некои луѓе ќе останат целосно здрави и во староста, други пак полесно ќе се заразат и за жал можат да починат од последиците. Респираторните заболувања како што се грип, ковид-19 или пневмонија се уште се една од најголемите причини за смрт кај луѓето над 65 години.
Современата медицина сепак прифати дека телото и духот се поврзани. Различните проблеми, како што се варење, несоница, па дури и срцеви заболувања се поврзани со ефектите на стресот врз телото.
Редовното вежбање е столб на здравјето
Редовното вежбање е столб на здравјето, бидејќи го подобрува кардиоваскуларното здравје, го намалува крвниот притисок, помага во одржување на телесната тежина и штити од разни болести. Но, дали помага во работата на имунитетниот систем? Исто како и правилната исхрана, физичката активност може да придонесе за целокупното здравје и затоа е добра и за одржување на правилната работа на имунитетот. Тоа ќе помогне директно со стимулирање на циркулацијата, што им овозможува на клетките и супстанциите на системот слободно да се движат низ телото и да ја вршат својата работа без да бидат попречени.
8 златни правила за силен имунитет:
1. Немојте да пушите цигари
2. Јадете многу овошје и зеленчук
3. Редовно вежбајте
4. Одржувајте здрава тежина
5. Не претерувајте со алкохол
6. Спијте доволно
7. Грижете се за личната хигиена
8. Избегнувајте стрес