Регистрирани 19 починати од Ковид-19

од Nikola Popovski
157 прегледи

Министерството за здравство попладнево соопшти дека поради тешки компликации со коронавирус, пријавени се вкупно 19 починати лица. Од нив шест се починале во тек на месеците ноември-декември, а 13 во последните 24 часа.

Починати се 11 пациенти од Скопје (69г, 75г, 80г, 65г, 66г, 61г, 67г,72г, 76г, 71г и 68г), два пациенти од Тетово (79г и 65г) и по еден пациент од Куманово (50г), Прилеп (78г), Велес (77г), Охрид (87г), Кичево (51г) и Гевгелија (69г). Од пријавените смртни случаи 18 се починати во болнички услови и еден во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 98.584, бројката на оздравени пациенти е 89.022, на починати е 3.037, а бројот на активни случаи изнесува 6.525.

Слични содржини