ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи криминал протнат како нов клинички центар и нема да дозволи пљачка на народни пари и задолжувања кои ќе ги плаќаат граѓаните, соопштија вчера од партијата откако најавија 2.000 амандмани со кои ќе го блокираат Законот за нов Клинички центар.
Според партијата на Мицкоски, „СДСМ и лидерот Зоран Заев не се заинтересирани за здравјето на граѓаните тоа особено се покажа во оваа корона криза“.
„Деструктивната ВМРО-ДПМНЕ продолжува со обидите да кочи се што е во интерес на граѓаните, во интерес на државата“, реагираат од партијата на власт.
„Ова е тенденциозно, безобразно и злонамерно однесување на ВМРО-ДПМНЕ срамно кон сопствената држава, кон сопствените граѓани и кон јавното здравство. За потсетување, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ исто вака се обидуваа да ги закочат и измените на Законот за здравствена заштита. Се што опозициската партија прави овде во Собранието и надвор од него е против здравствениот систем и јавното здравје“, велат од СДСМ додавајќи дека како парламентарно мнозинство нема да дозволат блокадите да ја спречат изградбата на нов Клинички центар.
На крајот на минатата година, по скратена постапка, Собрнието го усвои владиниот Предлог на закон за реализација на проектот „Нов Универзитетски клинички центар“ за изградба и ставање во употреба на комплекс на градби.
Министерот за здравство Венко Филипче во образложението на потребата за носење на овој Предлог-законот по скратена постапка нагласи дека со него се очекува забрзување на сите механизми во делот на изградбата на новиот Клинички центар, проект што е одамна очекуван.
Околу финансирањето, Филипче посочи дека проценката е дека ќе чини околу 450 милиони евра.