139 санкционирани возачи во Скопје

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, од кои 8 за возење без возачка дозвола, 31 за управување со брзина поголема од дозволената, 2 мерки за возење под дејство на алкохол, 2 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 5 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 12 мерки за користење на мобилен телефон, 3 за некористење на сигурносен појас и 46 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштија од МВР.