Почна ослободување на просторот на кејот „13-ти Ноември“ и негово целосно партерно уредување од 12.500 метри квадратни.
Целта, според градоначалникот Петре Шилегов, е да се ослободи повеќе место за пешаците и велосипедистите преку целосно спречување на можноста за нелегално паркирање, како и доволен простор за бизнисите кои во најголем дел се угостителски објекти со повеќегодишна традиција.
„Само за 4 месеци од сега кејот „13-ти Ноември“, нашата гордост ќе добие целосно ново уредување по сите светски стандарди, со надеж дека ќе го вратиме во неговиот полн сјај, а скопјани ќе го добијат тоа што со години им припаѓа!“, изјави Шилегов вчера.