Маркоска за ВМРО-ДПМНЕ: Никаде во светот не постои политичка партија која толку многу работи против сопствената држава (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
184 прегледи

„Никаде во светот не постои политичка партија која толку многу работи против сопствената држава, против своите граѓаните, како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ предводена од очајникот и докажан губтиник Христијан Мицкоски. Со 2.000 амандмани пратеничката група од ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски се обидува да го блокира Законот за нов Клинички центар“,соопшти денеска на прес Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ застана против изградба на нов функционален Клинички центар во Скопје, на предвдена локација во Ѓорче Петров. Ова е дрско, неодговрно и безобразно однесување на ВМРО-ДПМНЕ срамно кон сопствената држава, кон сопствените граѓани и кон јавното здравство“, вели таа.