Филипче: Евидентно е зголемувањето во изминатиот период на пациенти кај кои се детектира британскиот сој

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на модуларната болница во Велес изјави дека се зголемува бројот на новозаразени од новиот, британски сој на коронавирус.

– Ги следиме бројките и ги анализираме резулатите на пациентите кои беа дијгностицирани. Евидентно е зголемување на бројот во изминатиот период каде што е детектиран новиот британски сој на коронавирусот од 20 % до 50%, за последните два дена, од вкупниот број на заразени. Во Прилеп и Охрид има лесно зголемен број на хоспитализирани, а нешто повеќе во болницата во Кавадарци, но се надеваме дека тоа нема да биде тренд да ги исполни капацитетите на болницата, рече Филипче.

Министерот оценува дека засега нема потреба од засилување на рестриктивните мерки и дека состојбата е под контрола.

Слични содржини