„Скопје за Балашевиќ“ пред Универзална во 19 часот

од Vladimir Zorba
336 прегледи

Скопјани денеска ќе можат да се простат од легендата Ѓорѓе Балашевиќ пред платото на Универзална сала од 19 часот.

По пример и на другите главни градови од бившите ЈУ-републики, каде српскиот пејач и кантавтор остави траен белег на многу генерации, неговите македонски фанови ќе можат да се простат сонего.

„Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ кој зад себе остави бројни стихови кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно. Скопје за Балашевиќ, денес со старт во 19ч. пред неговата Универзалната сала, да се собереме и да оддадеме последна почит за нашата незаборавна легенда“, стои во најавата.