Деновиве треба да се решат административните пречки за исплата на субвенциите, вели Заев

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Владата прави напори секогаш да излезе во пресрет на барањата на земјоделци, како што е случајот со оризопроизводителите, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се исполнат барањата на кочанските оризопроизводители, кои најавија протести и блокада на патот Штип-Кочани за во вторник, 23 февруари.

– Запознаен сум со незадоволството на оризопроизводители. Знам дека со министерот за земјоделство, заменикот, државниот секретар, сите работат на решавање на проблемот. Државата финансиски е ликвидна и верувам дека навремено ќе се завршат сите постапките, за да може субвенциите навремено се исплатат. Заради тоа што наша тенденција е да ги пуштаме навремено и да им помогнат на граѓаните, тогаш кога им треба и верувам дека овие денови ќе се решат административните проблеми, коишто постојат, за да се исплатат субвенциите, вели Заев.