Новиот документарен филм Allen v. Farrow, напишан од Кирби Дик и Ејми Зиринг, ја прикажува ужасната исповед на ќерката на Вуди Ален, Дилан, која тврди дека нејзиниот татко ја силувал кога таа имала само седум години.
„Кога имав седум години, татко ми ме турна во шупата од нашата куќа на езеро и сексуално ме злоставуваше. Тоа се случуваше и претходно, од несоодветно допирање до туркање на палецот во уста“, рече Дилан во документарниот филм.
Снимките од нејзиното сведочење на седумгодишна возраст се шокантни.
Миа Фароу, поранешната партнерка на Вуди Ален, исто така е дел од филмот. Документарецот го прикажува нејзиниот телефонски разговор со славниот режисер.
„Вуди, нешто не е во ред со неа. Шета низ куќата држејќи се за вагината. Спие со мене. Таа се плаши од тебе. Си ја повредил. Лута сум на себе што не ѝ помогнав. Таа ми рече: ‘Мамо, не ми помогна. Тато не требаше да го стори тоа, не смееше да ме повреди?’“, се слуша на снимката.
Врската меѓу Миа Фаору и Вуди Ален се распадна по обвинувањата дека режисерот започнал љубовна врска со посвоената ќерка на актерката Сун-Ји, како и дека ја злоставувал Дилан, која претходно ја имаше посвоено со Миа. Ален ги негираше ваквите обвинувања.