Заев: ЛДП прави потег за самостојно претставување во погрешно време

326 прегледи

Претседателот на Владата, Зоран Заев по сведочењето за случајот „Титаник“, денес пред Кривичниот суд се осврна на бегството на Сашо Мијалков, како и дел од актуелните теми.

Меѓудругото, на новинарско прашање како ја коментира одлуката на ЛДП да се претставува самостојно во Собранието, вели дека ова не е вистинско време за ваков потег.

„Одлуката на ЛДП е донесена уште во текот на формирањето на владината коалиција и чекаа соодветен момент. Објаснувањето за ова е дека сакаат да имаат поголема видливост, бидејќи наводно помалите партии се претопени во поголемите и го разбирам тоа“, истакна Заев.

Во таа насока, тој посочи дека и Беса размислува за таква одлука, но како и за ЛДП смета дека во време кога опозицијата најавува ново парламентарно мнозинство, ваквите потези се несоодветни на времето.

Слични содржини