(ФОТО) Секој кој на пописот ќе се декларира како „македонски Бугарин“, да добие бугарски пасош по скратена постапка

444 прегледи

Секој оној кој на претстојниот попис во С.Македонија ќе прилози фотокопија од формулар на којшто се вели дека е „македонски Бугарин“, да добие по скратена постапка бугарски пасош од тамошните власти.

Ова е дел од барањето на културниот центар „Иван Михаилов“ од Битола кое е адресирано до бугарските власти, односно претседателот Радев, премиерот, Бојко Борисов, министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, како и вицепремиерот и министер за правда, Красимир Каракачанов.

Повеќегодишната злоупотреба на членството во Европската Унија од страна на нашиот источен сосед, да се издаваат бугарски пасоши на граѓани од Македонија и од други балкански земји што не се членки на ЕУ за луѓето да си ги олеснат патувањата и работата во странство, можеби сега ќе се „надгради“ со оваа нова тактика на „регрутирање на нови Бугари“

 

 

Слични содржини