Пендаровски за бегството на Мијалков: Граѓаните бараат кривична и морална одговорност

147 прегледи
Во однос на бегството на Сашо Мијалков, кој требаше да добие решение за куќен притвор, а од него ниту трага ниту глас од вчера, се огласи најпрво премиерот Заев, а сега на социјалните мрежи и претседателот на земјава, Стево Пендаровски,
„Ги повикувам сите надлежни институции да ги преземат неопходните мерки со цел да биде спроведено судското решение за притвор на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската Унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција.
Очекувам надлежните институции во најкус можен рок да спроведат истрага за целосно расветлување на случајот и доколку бидат констатирани какви било пропусти од страна на надлежните институции да биде преземена одговорност.
Граѓаните бараат одговорност и кривична и морална. Борбата за правна држава значи секој кој се огрешил пред законот да биде казнет“, се вели во фејсбук објавата на претседателот Пендаровски.

Слични содржини