БОМБА ВО ЕВРОЛИГА: НБА кошаркар ќе го засили Панатинаикос

од Nikola Popovski
241 прегледи

Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња ги напушти САД и ќе игра за Панатинаикос до крајот на сезоната.

Хезоња ќе остане во Атина до крајот на сезоната со опција за продолжување на соработката за уште една година.

Панатинаикос го официјализира трансферот на 25-годишниот дефанзивец само два дена пред истекот на рокот во Евролигата за регистрација на нови играчи.

Хезоња е роден 1995 година во Дубровник, а афирмацијата во Европа ја стекна во дресот на Барселона за која играше од 2012 до 2015 година.

Тој замина во САД откако беше избран за петти пик на драфтот во 2015 година од Орландо Меџик.

Настапуваше и за Њујорк Никс и Портланд, за кои минатата сезона имаше просек од 4,8 поени и 3,5 скока по натпревар.

Освои две титули шампион во Шпанија во дресот на Барселона.

Слични содржини