326
Тинејџерската sвезда Били Ајлиш побарала судска забрана за доближување против човек по име Џон, јавуваат американските медиуми. Тој наводно кампувал спроти нејзината куќа, ја следел секој чекор и ја прогонувал на социјалните мрежи.
Били наведува дека добила бројни заканувачки пораки и вознемирувачки писма.
Пејачката изјави дека се вознемирила поради него, како и дека е во страв секој пат кога ќе мора да се врати дома или да излезе од неа. Тој исто така изјавила дека стравува за безбедноста на своето семејство.