ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР НА СЗО АПЕЛИРА до богатите земји: Почитувајте ги договорите кои ги наложува КОВАКС!

од Nikola Popovski
270 прегледи

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска ги повика богатите земји да проверат дали ги поткопуваат напорите за доставување вакцини во сиромашните земји пред да нарачаат дополнителни вакцини против Ковид-19

Богатите земји грабнале неколку милијарди дози вакцини, додека некои земји во развој имаат малку или воопшто немаат вакцини, објави АП.

Европските земји обезбедија финансиска поддршка на програмата КОВАКС, која ги поддржува Обединетите нации за обезбедување вакцини на најзагрозените во светот, и размислува за споделување на одредени дози од сопствените вакцини, иако тие не прецизираат кога.

Тедрос им се заблагодари на членовите на Г7 за значајните ветувања, но по разговорите со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, тој рече дека дури и да имате пари, ако не можете да ги користите за да купите вакцини, тоа значи дека немате ништо.

Тој изјавил дека некои богати земји стапуваат во контакт со производителите со цел да обезбедат повеќе вакцини, што влијае на договорите со КОВАКС, па дури и количината на вакцини доделени преку КОВАКС е намалена заради тоа.

Тедрос не ги именуваше тие земји, ниту даде други детали.

Тој посочи дека богатите земји треба да ги почитуваат договорите договорени со КОВАКС системот и да се осигурат, пред да побараат повеќе вакцини, нивните барања да не ги нарушат тие договори.

Слични содржини