ГЕНИЈОТ СТАНА „МОНСТРУМ“: Уапсен познат грчки режисер, осомничен за силување на момчиња!

од Nikola Popovski
396 прегледи

Само после неколку денови откако се појавија скандалите за сексуална злоупотреба на малолетни лица од страна на тренери, директори, актерски ssвезди, влијателни менаџери, избувна нова афера како бомба во Грција, која очигледно ќе се пресели во политичката сфера.

Димитрис Лигнидис (56), познат грчки актер и режисер, од минатата година и уметнички директор на Националниот театар во Атина, е обвинет за систематско и сериско силување на момчиња на возраст под 15 години. Многу од нив биле момчиња од мигрантски семејства.

-Така, Лигнидис, месијата на идните актерски sвезди, станал „мрачно чудовиште“ преку ноќ, пишуваат грчките медиуми.

Тој веднаш поднел оставка, според упатствата на оние кои го назначија на позицијата директор, но тоа не било доволно за да се „преќути целата ситуација“. Полицијата му ставила лисици на рацете во затворот во Атина на авенијата Александрас, каде утре ќе се изјасни за обвиненијата.

За ова дело се соочува со затворска казна од пет години, а се чини дека ги има многу. За разлика од другите слични скандали, „случајот со уметничкиот директор“ влезе длабоко во полето на политиката, па сега се бара оставка од министерката за култура, Лина Мендони, кој го потпишала назначувањето на Лигнидис.

Слични содржини