Во САД знамето спуштено на половина копје поради скоро 500.000 смртни случаи од корона

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден ќе нареди знамињата да се спуштат на половина копје поради починатите од коронавирусот, објави Белата куќа.

Бајден се реши на овој чекор по смртта на речиси 500.000 луѓе од вирусот во САД.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека знамињата ќе бидат на пола-копје во следните пет дена.

Соединетите држави го надминаа прагот од 400.000 смртни случаи од вирусот во јануари пред инаугурацијата на претседателот Бајден.