По пријавувањето на Мијалков во Обвинителството, Мицкоски повторно побара оставка на Владата

од Берта Китинска
237 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски , откако во Обвинителството предмалку се појави екс директорот на УБК Сашо Мијалков, повторно побара оставка на Владата.

Уште еден доказ дека неспособна мафија ја води државата. Оставка на Владата веднаш!

Posted by Hristijan Mickoski on Tuesday, 23 February 2021

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска  се пријави во Обвинителство за да си го земе решението за притвор.

-Еве доаѓам во обвинителство откако дознав, вчера бев на жалост навистина болен со преку 40 температура и кога утрово дознав за ова што се случува решив да дојдам и да се јавам. Бев во изолација бидејќи имав симптоми на ковид 19.Се извинувам на целата македонска јавност на сега пак јавно ќе повторам јас никогаш нема да побегнам, изјави Мијалков.