225
Предмалку во Обвинителството за гонење организиран криминал дојде и адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Петар Василев.
Тој не сакаше да даде никаква изјава за медиумите и влезе од задниот влез на Обвинителството.
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред ЈО за гонење организиран криминал за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.