МТСП: Од утре ќе почне исплатата на февруарските пензии

од Nikola Popovski
149 прегледи

Министерството за труд и социјална политика информира oд утре 25.02.2021 година, (четврток) почнува етапната исплата на февруарските пензии. Според нив, пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

„Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток);

-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.02.2021 година (петок);

-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2021 година (понеделник); и

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2021 година (вторник).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 25 февруари (четврток). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања“, стои во соопштението на МТСП.

 

Слични содржини