Новинарот Иванов: Смешни се тврдењата дека некој нешто ми дојавил околу случајот со Мијалков

од Nikola Popovski
351 прегледи

„Разговорот со Мијалков предизвика бура од реакции. Ве уверувам да не ви продаваат приказни некакви квази-новинари. Ве уверувам дека не постои новинар во Макеоднија кој доколку се најде со Мијалков пред камера, би го игнорирал“, изјави новинарот Мишко Иванов, кој вчера дојде до изјава од поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков, кој го сретна пред Обвинителството.

Според него, смешни се тврдењата дека нешто некому некој му дојавил.

„Такво нешто не постои. Борбата на медиумите е во ексклузивноста. Не е ова правдање, туку напротив ние како телевизија имаме обвврска пред вас граѓаните. Поради ова и очекуваме извинување од ВМРО-ДПМНЕ, кој нашата тв ја нарече провладина“, рече Иванов.

Слични содржини