Новата вакцина на Синофарм ефикасна 72,51 отсто против коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska
424 прегледи

Филијалата на „Синофарм“ на Институтот за биолошки производи во Вухан денес соопшти дека нејзината втора вакцина против коронавирус покажала дека во текот на третата фаза на клиничките испитувања е ефикасна 72,51 отсто против коронавирусот, врз основа на привремени анализи, пишува „Танјуг“.

Првата вакцина е развиена од Институтот за биолошки производи во Пекинг, уште една гранка на државниот гигант, и доби одобрение за употреба во декември.

Претседателот на групата Лиу Џингжен во неделата за државната телевизија China Central Television изјави дека „Синофарм“ поднесува барање за слично регулаторно одобрување на вакцината од Институтот во Вухан, кое ќе го надополни постојното производство.

Компанијата достави официјална апликација до кинеската национална администрација за медицински помагала за одобрување за јавна употреба на вакцината, се вели во соопштението објавено на нејзината веб-страница, објави „Ројтерс“.

Слични содржини