Арсовски: Изградбата на пругата кон Бугарија ќе се одвива во три фази

од Nikola Popovski
346 прегледи

На новинарско прашање за реализацијата на изградбата на пругата кон Бугарија, портпаролот на владата, Душко Арсовски соопшти дека се одвива во три фази.

„За Првата од Куманово до Бељаковце се обезбедени 47 милиони евра и таму изградбата е 55% реализирана, но знаете дека се раскина договорот со изведувачот. За Втората фаза се обезбедени 147 милиони евра – 70 милиони од нив се од ЕБОР, 70 милиони се грант од ЕУ. Бидејќи за оваа фаза се распиша тендер за изведувач, а беше раскинат договорот за првата фаза, Владата донесе одлука да го поништи тендерот за втората фаза и двете фази – првата и втората да се тендерираат заедно. Претквалификацијата на оние што се пријавија заврши, а сега ЕБОР ги евалуира фирмите што влегоа во квалификација. За Третата фаза од пругата претходно се обезбедени 60 милиони евра грант преку ИПА 2. Сега ЈП „Железничка инфраструктура” аплицира за 150 милиони евра до фондот ВБИФ”, информираше Арсовски.

Слични содржини