НАЈГОЛЕМА ЗАПЛЕНА НА ДРОГА ВО ЕВРОПА ДОСЕГА: Германските цариници пронајдоа повеќе од 16 тони кокаин

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Германските цариници откриле повеќе од 16 метрички тони кокаин во контејнери кои пристигнале во Хамбург од Парагвај, соопштија денеска германските власти.

Според царинската служба во Хамбург, ова е најголема количина кокаин запленета досега во Европа и една од најголемите заплени во светот.

Додадено е дека дрогата е пронајдена при претрес на пет контејнери од Парагвај на 12 февруари, кои европските царински органи ги обележале како сомнителни при анализата на ризикот, пренесува АП.

Цариниците пронашле кокаин скриен во повеќе од 1.700 лименки.

Германските и холандските власти спровеле дополнителна истраги и заплениле уште 7,2 метрички тони кокаин во неделата во белгиското пристаниште Антверпен.

Царинската служба во Хамбург наведува дека количината на над 23 тони кокаин запленета на улица може да се продаде за неколку милијарди евра.

Холандските власти во средата уапсија 28-годишен маж од Влардинген, за кого постои сомневање дека е одговорен за пратките.

Фото: Ројтерс

Слични содржини