Царински службеници во Германија и Белгија запленија рекордни 23 тони кокаин наменети за трговија во Холандија, пренесува Би-Би-Си.
Германските власти открија 16 тони во пет контејнери за испорака што пристигнаа во пристаништето Хамбург од Парагвај претходно овој месец. Веднаш била известена полицијата во Холандија, а во белгиското пристаниште Антверпен биле запленети уште 7,2 тони кокаин.
Германските власти соопштија дека уличната вредност на кокаинот се мери во милијарди евра.
Во Антверпен, лекот бил скриен во резервоар исполнет со дрвени блокови од Панама.
Кокаинот пронајден во Хамбург бил скриен во конзерви кои содржеле маса што се користела за полнење на пукнатини на идовите.
Уапсен е 28-годишен маж осомничен за вмешаност во трговија со рекордна количина кокаин, соопшти холандската полиција. Според извештаите на медиумите, станува збор за холандски државјанин Атиф С.