Захариева: Ниту САД не може да ја притисне Бугарија, ако С.Македонија не ги исполни условите

329 прегледи

Во своето гостување во бугарска БТВ, вицепремиерката и шефица на дипломатијата на Бугарија, Екатерина Захариева, потенцира дека Бугарија нема да потклекне на притисокот за евроинтеграциите на С.Македонија.

Имено, во однос на средбата со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи таа вели дека се разговарало на истата за претстојното свикување на меѓувладина конференција, но и вели дека датумот треба да биде објавен од двете страни.

„Европската Унија не работи како Југославија, таа работи поинаку и ние и’ зборуваме за тоа на Република Северна Македонија од 2019 година“, посочи Захариева.

Меѓудругото, посочи и дека никој, па ниту САД нема да може во иднина да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи почеток на преговори на ЕУ со С.Македонија, ако претходно не се исполнат условите.

Слични содржини