300
Претседателот на Скопската единица на Кривичниот суд, Иван Џолев денес одговарајќи на новинарско прашање истакна дека Судот постапил ажурно и навремено во случајот Мијалков по побараниот притвор од страна на обвинителството.
„Предлогот за притвор беше стигнат во 15 часот, а одлуката беше издадена во 18:30 часот. Судот оттаму, постапува ажурно, затоа што сметавме дека треба да се делува итно и веднаш. Затоа што Судот, треба да се има предвид дека има законска обврска да постапи по 24 часот, и ние можевме да издадеме одлука во понеделникот до 15 часот.“