Заев: Нема жолти ленти за „Мериот“, нема правна основа

340 прегледи

Во рамки на најавите дека ќе биде конфискуван имотот на Сашо Мијалков поради неговото бегство од страна на премиерот, Зоран Заев, сега работите стојат поинаку.

Имено, во изјава за Тв21, премиерот посточи дека постоело кривично дело и со тоа и правна основа за заплена на имотот, сметките како и компаниите кои се уште се на име на екс директорот на УБК Сашо Мијалков, но правната основа за тоа отпаднала откако тој се појавил.

„Постоеше основа за заплена на се она што е на име и на неговото семејство, поради тоа што тие можеа да бидат осомничени за кривично дело помагање на бегство. Но со самото појавување на Мијалков, правната основа за сето ова е падната и всушност тој и затоа и се појави“, посочи Заев.

Слични содржини