Маричиќ: „Евростат“ потврди, пописот и методологијата се во согласност со највисоките стандарди

од Берта Китинска
192 прегледи

Министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието кажа дека од Евростат потврдиле дека Законот за попис и методологијата по која ќе биде спроведен е по највисоките пропишани стандарди кои се воспоставени во сите развиени земји.

-По одговорот кој стигна од „Евростат“ се поклопуваат сите сомнежи на опозицијата и за методологијата и за Законот за попис, како и за начинот на кој ќе се спроведе пописот. Ајде да се обединиме, да ја оставиме дневната политиката на страна и заедно да го спроведеме пописот. Ги повикувам сите политички партии и ги охрабрувам да го направат тоа. Пописот и е потребен пред сè на државата, на нас, на сите граѓани, а не на партиите. Вчера беше донесен и здравствениот протокол за изведување на пописот од страна на Комисијата за заразни болести, па оттука ќе бидат исполнети и сите здравствени протоколи за цел безбедно спроведување на пописот, потенцираше Маричиќ.

Министерот пред пратениците кажа дека веќе следната недела почнува попишувањето на неколку групи граѓани меѓу кои и на дијаспората. Ќе се попишуваат од понеделник и припадниците на Армијата, лицата во Воспитно-поправни установи, затворите, дипломатите и нивните семејства во странство, како и бездомните лица.