Се зголемува на бројот на заболени, властите најавија дека ќе доцнат кинеските вакцини

од Берта Китинска
153 прегледи

Владата го овласти министерот за здравство Венко Филипче да потпише договор за руската вакцина.

„Вчера владата ме овласти да го потпишам договорот за руската вакцина. Станува збор за количина од 100.000 дози и ќе се обидеме сега да добиеме конкретни одговори за тоа коа ќе пристигнат. Дополнителни документи и секојдневната размена на информации, се причини поради тоа што не се пристигнати очекуваните кинески и вакцините на Фазјер во земјава“, истакна Филипче во одговор на новинарско прашање за дозите вакцини кои веќе се очекуваат да пристигнат во земјава.

Во меѓувреме во земјава се забележува пораст на новозаболените од коронавирусот.

„Има зголемување на бројот на заболени. Податоците од лабораторијата од клиниката „Жан Митрев“ покажале дека тој е присутен во 70 проценти од случаите регистрирани во овој период. Очигледно е дека се зголемува бројот на заболени, а еден дел од ова зголемување на бројките се должи и на присуство на тој сој на вирусот, кој полесно се пренесува. “, изјави Филипче.

Филипче, денеска истакна дека набавката на 200.000 вакцини од Кина ќе доцни и дека во моментов не знае кога точно би пристигнале.

„Се работи за нешто што секојдневно произлегува од комуникацијата, но ние сме постојано во контакт и водиме интензивни разговори со претставниците на компаниите. Се надевам дека следните денови ќе имаме и конкретни датуми, но засега остануваме само со тие интензивни разговори со компаниите“, рече Филипче.

Слични содржини