Градот Скопје и Општина Ѓорче Петров со голема акција за чистење на кејот на Вардар

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Градот Скопје во соработка со Општината Ѓорче Петров почна голема акција за темелно чистење на кејот на Вардар, на потегот од мостот во Хром до мостот во Сарај во должина од околу 4 километри.

На терен работат екипите на ЈП „Комунална хигиена“ и комунални работници од општината.

Изминатава година интензивно работиме на кејот, она што повеќе децении било запоставувано од претходните градски администрации сега темелно го работиме. Одиме чекор по чекор, со цел кејот да го добие сјајот што го заслужува. Заедно со Општината Ѓорче Петров на овој потег работиме на должина од 4 километри, на целосно и темелно чистење и облагородување на просторот со цел овој јавен простор на граѓаните од Ѓорче Петров и од Сарај да им послужи за рекреација и за разонода, изјави Градоначалникот Петре Шилегов.

Среде пандемија, вели тој, секој добро осмислен и обновен јавен простор е добредојден за граѓаните.

– Ние веќе темелно работиме на чистење на кејот, па ги повикувам и другите градоначалници на општините низ кои поминува реката Вардар да се вклучат со свои ресурси со цел што е можно побрзо да го вратиме сјајот на нашиот кеј, истакна Шилегов.

Слични содржини