269
Од денешниот протест имаме седум повредени,и осум приведени лица кои го нарушија редот и мирот.Осуда за чинот на спречување на новинарските екипи и медиумските работници во вршење на нивната работа. Новинарите се наши партнери, рече портпаролот на Министерството за внатрешни работи (МВР), Тони Ангеловски во изјава за ТВ Канал 5 по протестите за Монструм.
За време на протестите беа нападнати новинарските екипи на дневниот весник „Слободен печат“ и на државната новинаска агенција МИА.