Жена во Турција ги фрлила своите четири деца од прозорецот од третиот кат на зградата, која горела. Снимката од овој драматичен настан го привлече вниманието на светските медиуми.
Видеото покажува дека едно дете паѓа од третиот кат, додека волонтерите биле на улица држејќи испружени ќебиња за да ги фатат.
Собраните луѓе врескале, а некои од собраните ѝ викале на мајката да не ги фрла децата низ прозорецот.
Според турските медиуми, децата за среќа поминале неповредени за време на овој драматичен настан. Мајката на била пренесена во болницата, а подоцна е ослободена од неа.
Пожарот е изгаснат, а најверојатна причина се електричните инсталации.