Ордановски: Јавноста ги сака методите на Мијалков, дури и кога тој се гони

од Nikola Popovski
291 прегледи

„Се уште не мислам дека луѓето ја разбираат комплексноста на тоа како беше воспоставен или како владееше режимот на Груевски и Мијалков. Македонското општество се наоѓа во една фаза на пост-трауматски стрес и се упте постои атмсофера на шизофренија“, вели новинарот Сашо Ордановски за емисијата „Топ тема“.

Според него, луѓето се поделени и збунети.

„Последиците се длабоки, Јавноста во суштина ги сака методите на Мијалков, дури и кога тој се гони. Сакам да нагласам дека тој не побега, туку беше недостапен. Се создаде хистерија“, нагласува Ордановски, додавајќи дека правдата полека извира на површина, иако сите би сакале да е побрза или подемонстративна.

Слични содржини