ЗОШТО НЕКОИ СЕ УБЕДЕНИ ДЕКА МЕГАН НОСИ БЛИЗНАЦИ: За ова пишуваат странските медиуми!

од Nikola Popovski
339 прегледи

Откако Меган Маркл и принцот Хари на Денот на заљубените потврдија дека по вторпат ќе станат родители и дека малиот Арчи ќе стане постар брат, започнаа шпекулациите за полот на бебето.

Додека обожавателите на британското кралско семејство со нетрпение го очекуваат големото интервју на војводата и војвотката од Сасекс со Опра Винфри на 7 март, странските медиуми пишуваат дека Меган и Хари тогаш всушност ќе ѝ откријат на јавноста дека ќе добијат близнаци, пишува „New Idea“.

Изворот за споменатиот таблоид вели дека поранешната актерка отсекогаш сакала две девојчиња, а со оглед дека најверојатно ова ќе биде нејзината последна бременост, тие направиле се за да се оствари тој сон.

Ако имаат близнаци, тоа ќе им овозможи да го споредат семејството со семејството што го имаат принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, вели изворот.

Да потсетиме, кон средината на минатата година, Меган и Хари биле снимени како ја напуштаат зградата во која се наоѓа поликлиниката за репродукциска медицина, а како што е познато, со медицинско асистирано оплодување, шансите за повеќекратна бременост се поголеми.

Заради наведеното, добро познатиот таблоид тврди дека тие наводно веќе го знаат полот на првото дете, и дека ќе добијат две девојчиња.

Без оглед дали парот ќе добие близнаци или не, Меган наводно прави се што е во нејзина моќ да се обиде да му подари сестра на Арчи.

Слични содржини