Меѓу славните кои му го честитаа 67-от роденден на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е и светски познатиот актер Џејсон Стејтам.
На свеченото отворање на Музејот на киното во Истанбул, претседателот Ердоган беше изненаден од министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој и неговата сопруга Первин, но и актерите Џејсон Стејтам и Џош Хартнет, кои исто така присуствувале на програмата, пишува агенцијата Анадолија.
Меѓу оние кои го изненадија турскиот претседател биле режисерот и сценарист Гај Ричи и неговата сопруга Џеки Ејнсли, тогашниот продуцент Иван Аткинсон, како и холивудските актери и продуценти, вклучително и извршниот директор на Мирамакс, Бил Блок.
Претседателот Ердоган пресече роденденска торта со неговата сопруга Емина и им се заблагодари за вниманието.