Лаутаро вети, останува во Интер

од Vladimir Zorba
354 прегледи

Фановите на Интер можат да бидат мирни кога станува збор за напаѓачот Лаутарo Мартинез.

Аргентинскиот фудбалер изјави дека планира да остане во Интер и додаде дека приказната за преселба во Барселона е далечно минато.

Иако многу клубови изразија желба да го видат во своите редови, тој вети дека ќе остане меѓу „нероазурите“.

„Вистина е дека работевме на преселба во Барселона, преговаравме, но не можам да кажам колку беше блиску до реализација. Бев искрен со тренерот Конте и му реков, „тука сум со главата, ветувам дека ништо нема да ми пречи“. Сега сè е во минатото, ќе потпишам нов договор со Интер и ќе останам тука уште долго“, изјави Мартинез за „Газета дело Спорт“.

Оваа сезона тој постигна 15 погодоци на 33 натпревари во сите натпреварувања.

Слични содржини